Top Sport

Продолжува бајката на Удинезе, десетина минути доби и Несторовски

Удинезе ја оствари шестата последовна победа во Серија А откако славеше на гости кај Верона со 1:2. Победничкиот гол го постигна Јака Бијол во 93.минута од мечот.

Сега Удинезе има 19 бода, само бод помалку од Наполи и од Аталанта и изненадувачки се наоѓа на третата позиција на табелата.

Џош Доиг во 23.минута донесе предност за Верона, а израмни Бето во 70.минута.

Во последните десетина минути шанса доби и Илија Несторовски.

Scroll to Top