Top Sport

Продолжува ЛШ, дербито е во Мадрид

Вечерва во Лигата на шампионите ќе се одиграат натпреварите од 3.коло во групите А, Б, Ц и Д. Дербито е во Мадрид, на „Ванада Метрополитано“, помеѓу Атлетико и Ливерпул. Колото ќе го отворат Клуб Бриж и Манчестер сити во А-групата и Бешикташ-Спортинг Лисабон во Ц-групата. Овое натпревар ќе започнат во 18.45 часот, останатите во терминот од 21.

ПСЖ во Париз ќе го пречека Лајпциг. Без Нејмар и веројатно Икарди, ПСЖ е фаворит за победата со која ќе направи чекор кон нокаут-фазата. Сити, гостува кај Бриж, кој во првото коло освои бод против ПСЖ.

Б-групата носи реприза на осмина-финалната пресметка од 2019 година помеѓу Атлеитко и Ливерпул. Тогаш Атлетико победи во Мадрид 1:0, а во Ливерпул со 3:2 по продолженијата. Тој меч на „Енфилд“ беше последен кој се играше пред публика, потоа настана паузата поради пандемијата на коронавирусот.

Ливерпул има две победи во групата, Атлетико победа и реми. Во вториот меч Порто и Милан ќе се обидат да дојдат до резултат кој ќе ги доближи до второто место во групата.

Ајакс и Борусија Дортмунд ќе го одиграат дербиот во Ц-групата. Двата тима победија во првите две рунди. За првите бодови сезонава во Лигата на шампионите ќе се борат Бешикташ и Спортинг.

Интер и Реал, фаворитите во Д-групата немаат прави на кикс во третото коло. Интер ќе го пречека Шериф. Молдавците во оваа конкуренција се сензационални лидери на табелата. Оптимисти се дека можат да го изненадат и Интер во Милан.

Реал по шокантниот пораз од Шериф е пред императив дека мора да забележи победа над Шахтјор.

Scroll to Top