Top Sport

„Тренерите го сакаа Демебле, ние го имавме договорено Мбапе“

Џосеп Марија Батомеу, поранешен претседател на Барселона, гостувајќи во една емисија на каналот „Еспорт3“, открил интересни детали за трансфер политиката во неговата ера.

„Го имавме договорено трансферот на Мбапе, меѓутоа тренерите беа за Дембеле, бидејќи то повеќе ја ширел играта“, рекол Бартомеу и дополнил.

„Некои играчи кои ги донесовме не ги оправдаа очекувањата, а дебело беа платени. Такви работи се случуваат во фудбалот. Кога ги носевме Дембеле и Кутињо сите ни аплаудираа и ни делеа комплименти. Кутињо во Премиер лигата беше како Иниеста, најдобар играч. Дембеле дојде бидејќи останавме без Нејамар. Гризман го следевме една година, сиет беа за тоа да дојде кај нас, тимски играч, кој требаше да биде замена за Суарез“.

Scroll to Top