Една од побизарните вести во текот на минатиот викенд беше за момчето кое вршеше нужда на „Стадионот на светлото“ во Сандерленд, додека неговиот тим губеше со 1:3 од Рединг за да си ги влоши шансите за опстанок во втората англиска лига.
Британскиот весник „Дејли мирор“ го пронајде 17-годишниот Калам Мосон, кој признава дека се плаши дека ќе ја загуби работата поради скандалот. Мосон, кој признава дека испил 12 пива и 6 сајдери пред натпреварот вели дека не се сеќава на инцидентот, но верува дека бил толку пијан што мислел дека е во тоалет. Тој се извини за своите постапки.
„Секако дека ми е жал. Не извршив нужда на седиштето, верувајте ми. Одеднаш се најдов во притвор. Разбрав за инцидентот во 10.30 часот навечер кога мојот пријател ми кажа дека сум на Фејсбук. Гери Линекер дури го стави на Твитер. Засрамувачки е. Не знам што ми помина низ главата. Сега добивам поракигрди пораки, и иако знам дека нема изговор за моето однесување, нема потреба за такви коментари“, вели Мосон, кој инаку е носител на сезонски билет на Сандерленд.
Unbelievable scenes as the now infamous Sunderland fan lays out his Saturday breakfast!what’s the guy in the black hat shouting?”Oi Steward!-bring the bloke some loo roll man there’s none left down here!”…mackem or not,doesn’t matter,it’ shocking!??? pic.twitter.com/MduKrGDfQE
— Graeme Forster (@GraemeForster) December 3, 2017
Тој помина осум часа во притвор откако беше уапсен за присуствување на фудбалски меч во алкохолизирана состојба.
„Сега сум суспендиран од моето работно место и мислам дека ќе ме отпуштат. Сега тешко дека ќе добијам друга работа. Обично не сум таков и не пијам толку. Ќе морам да внимавам малку повеќе. Исто така мислам дека и клубот ќе ми забрани пристап и нема да можам да одам на натпреварите на мојот клуб“, додава Мосон.