Top Sport

Пропадна трансферот на Енцо Фернадез во Челси

Пропаднале преговорите на релација Бенфика-Челси, околу трансферот на Енци Фернандез, пишуваат португалските медиуми „А Бола“ и „Рекорд“. Според овој извор, Челси не планира да ја плати откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра.

Челси наводно за светскиот првак со Аргентина понудиле 85 милиони евра. Бенфика бара откупната клаузула да биде исплатена и тој наеднаш, а не на рати.

За разлика од лисабонските медиуми, „О Жого“ од Порто, пишува дека преговорите се уште не пропаднале, односно дека од Челси чекале да се вклучи супер-менаџерот Жорге Мендеш. На „Стенфорд Бриџ“ се надеваат дека Мендеш ќе успее да најде најдобро решение за двете страни.

Бенфика, минатото лето за 14 милиони евра го донесе Фернадез од Ривер Плејт. Исто така Бенфика е обврзана да му исплати на аргентинскиот клуб 25 отсто од наредниот трансфер на Фернандез.

Scroll to Top