Информацијата која вчера ја пласираше српски „Курир“, дека Роберт просинечки ќе ја предводи Македонија на ЕП, предизвика големо внимание во регионот. Прославениот фудбалер за „Јутарњи“, негира дека имал контакти со луѓето од Фудбалската федерација на Македонија.
„Од вас го дознавам ова…Не сум ги читал порталите. Навистина не знам ништо, прв пат слушам. Не сум разговарал со никого од македонскиот сојуз. Дома сум во Загреб, откако се вратив од Турција, немам никакви други вести“, рекол Просинечки.
Инаку, договорот на Игор Ангеловски, со ФФМ истекува на 31.декември, а од Федерацијата најавија дека по Нова година ќе ги започнат преговорите околу новиот договор на селекторот кој успеа да го оствари неголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал.