Top Sport

Просинечки: Не криев од тренерите на Реал и Барселона дека пушам цигари

Барселона и Реал Мадрид во недела од 21 часот на „Камп Ноу“ ќе играат четвртото Ел Класико оваа сезона. Најголемото дерби на шпанскиот фудбал може да реши многу дилеми во шампионската трка.

Шпанска „Марка“ пред натпреварот направи голем осврт на играчите кои настапуваа за двата тима. Низ богатата историја, за двата клуба играле 31 фудбалер, а еден од нив беше и Роберт Просинечки.

„Мојот трансфер не беше толку контроверзен како оној на Луис Фиго бидејќи од Реал отидов прво во Овиедо, а потоа во Барселона. Повредите ме спречија да играм како што сакав, но останав пријател со играчите од двата тима“, изјави Просинечки.

Поранешниот играч на Динамо и Црвена звезда сподели и анегдота со шпанските новинари.

„Многу играчи од двата тима пушеа цигари. Јас бев единствениот кој никогаш не се криев“, призна Просинечки, кој одигра 74 натпревари за Реал и 26 за Барселона. Тој постигна 12 гола за Реал и два за Барселона.

Scroll to Top