Поранешниот хрватски репрезентативец Роберт Просинечки поради нов ангажман ќе го напушти тренерското место во Кајзери.
Просинечки решил да ја прифати понудата и да се врати на селекторската позиција во репрезентацијата на Азербејџан. Просинечки беше селектор на Азербејџан од 2014 до 2017 година.
Хрватскиот тренер решил да го напушти Кајзери поради сериозните финансиски проблеми во кои западнал клубот.
Тој и во октомври минатата година имаше понуда да се врати во Азербејџан,која ја одбил бидејќи сакаше да го заврши вториот мандат во Кајзери.
Во кариерата Просинечки бил тренер на Црвена звезда и селектор на Босна и Херцеговина.