Франција во неделата ја освои својата втора светска титула во фудбал во Русија со 4:2 победата над Хрватска, по што, нормално, на улиците на сите поголеми градови се славеше, за на крај да заврши со нереди, апсења, и дури смртни случаи.
Во Париз, каде што над 100.000 луѓе се собреаа пред Ајфеловата кула, по мечот почнаа проблемите кога славјето излезе од контрола, и на крајот беа повикани специјалните сили кои со водени топови и со гумени куршуми мораа да го враќаат мирот на улиците. Стотина хулигани се качија на едно полициско возило во центарот на градот.
Во Лион исто така имаше вистински неред, кога хулиганите почнаа да кршат автомобили, додека во Марсеј имаше масовна тепачка со полицијата, а се појавија и снимки на демолирање на еден автобус. Инциденти имаше и во други градови – Гренобл, Руен, Ле Авр, Ница, Кан, Стразбур и Нант.
Имаше и два смртни случаи – во алпскиот град Анеси, 50-годишен навивач починал откако скокнал во еден канал, а во Сан Феликс во северна Франција, 30-годишник при славјето се заби во дрво.
BREAKING: Violence and riots have erupted in Paris following World Cup celebrations.
Armed forces have been deployed but several businesses have been looted and vehicles have been vandalized. ??pic.twitter.com/5jp7xrpWXh— France Football ?? (@FrenchFutbol) July 15, 2018
#Riots in Paris after France wins the World Cup.
… unbelievable, why? Why not celebrate? pic.twitter.com/XKMqoIcv71
— Oh boy what a shot (@ohboywhatashot) July 15, 2018
#Riots in multiple French cities after France wins the World Cup.
… unbelievable, why? Why not celebrate?pic.twitter.com/5vUrGpNZpa
— Oh boy what a shot (@ohboywhatashot) July 15, 2018