Top Sport

Прославите на Суарез и Бензема со „8k“ камера изгледаат како видео игра!

Шпанската Ла лига прва се пофали со користењето на новите „8k“ видео-камери, кои на мадридското дерби на „Ванда Метрополитано“ покажаа поинаква димензија на виденото, што најдобро се забележи со прославата на Луис Суарез на неговиот гол за Атлетико.

Суарез, кој има 17 гола оваа, даде гол во 15. минута од мечот со убав удар, по што беше опкружен со своите соиграчи, и ја направи традиционалната прослава, посветата кон неговата сопруга Софија и кон неговите ќерки.

На социјалните мрежи беа воодушевени од виденото, со многу коментари дека видеото изгледа како да излегло од видео-игра.

„8k“ камерите веќе се користат во американската НФЛ лига, додека шпанската Ла лига првпат ги користеше минатиот месец на дуелот помеѓу Барселона и Атлетик Билбао.

Scroll to Top