Македонската фудбалска репрезентација попладнево дозна дека доколку го мине Косово во полу-финалниот бараж, за пласман на ЕУРО 2020 ќе игра на гости во Грузија или Белорусија.
По ждрепката за баражите и домаќините на финалните мечеви во Лигата на нации, УЕФА ги одреди и сатниците по кои ќе се играат натпреварите.
Полу-финалниот натпревар Македонија-Косово, во Скопје, на 26 март наредната година ќе започне во 20.45 часот.
Победниците од дуелите Македонија-Косово и Грузија-Белорусија, во финалето што ќе се игра на 31 март во 18 часот ќе решаваат кој ќе игра на ЕУРО 2020.
Сатници на полу-финалните и финалните мечеви:
Лига А:
Бугарија-Унгарија (20.45) и Исланд-Романија (20:45), ќе играат на 26 март 2020
финалето ќе се игра во Бугарија или Унгарија на 31 март 2020 во 20.45 часот.
Лига Б:
Босна и Херцеговина-Северна Ирска (20.45) и Словачка-Република Ирска (20.45), ќе играат на 26 март 2020
финалето ќе се игра во БиХ или Северна Ирска на 31 март во 20.45 часот.
Лига Ц:
Норвешка-Србија (18.00) и Шкотска-Израел (20.45), ќе играат на 26 март 2020
финалето ќе се игра во Норвешка или Србија. Доколку домаќин е Норвешка финалето на 31 март 2020 ќе започне во 18 часот, доколку пак финалето се игра во Белград тогаш ќе започне во 20.45 часот.
Лига Д:
Македонија-Косово (20.45) и Грузија-Белорусија (18.00)
финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија на 31 март 2020 во 18 часот.