Top Sport

Спалети се посрамоти, не знаеше кој е тренерот на Спартак!

И пред вечерта да заврши со изненадувачки 2:3 пораз од Спартак Москва, на тренерот на Наполи, Лучано Спалети не му почна најдобро мечот од Лига Европа и покрај тоа што нашиот Елиф Елмас му донесе водство по само 11 секунди.

Во видео кое стана предмет на потсмев во Италија, Спалети во обид да се поздрави со тренерот пред стартот на мечот, отиде до клупата на гостите од Русија, каде што мораше да добие инструкции каде навистина се наоѓа тренерот на ривалите, португалскиот стручњак Руи Виторија.

Scroll to Top