Киеран Трипиер беше промовиран како прво засилување во новата „ера“ на Њукасл јунајтед под богатите саудиски газди, правејќи го трансферот од шпанските шампиони Атлетико Мадрид и веднаш на прес-конференцијата доби незгодно, но и директно прашање – зошто заменил играње во осминафиналето на Лигата на шампионите за борба за опстанок во Премиерлигата.
31-годишниот Трипиер беше постојан првотимец во тимот на Диего Симеоне и речиси сигурно ќе беше стартер во осминафиналната пресметак со Манечстер јунајтед следниот месец. Њукасл, пак, се на 19. место во Премиерлигата со сериозна шанса да испаднат.
„Мислам дека уште пред неколку месеци кажав јасно дека ако имам шанса да се вратам во Премиерлигата би сакал да го направам тоа. Тоа беше важно и за моето семејство, а за мене е голема шанса. Јас сум човек кој сака предизвици. Имав предизвик кога отидов во друга земја, друга лига, сега сум во Њукасл. Знам дека тука се очекува да помогнам и ќе го направам тоа на теренот и надвор од него“, вели Трипиер.
Тој веќе имаше шанса да работи со менаџерот на Њукасл, Еди Хоув, кој го донесе во Барнли во 2012 година со трансфер од Манчестер сити.