Top Sport

Првото полуфинале Ливерпул-Арсенал откажано

Првиот меч од полуфиналето на Англискиот лига куп (Карабао купот) помеѓу Ливерпул и Арсенал е откажан поради ширењето на КОВИД-19 во тимот на Ливерпул.

„Црвените“ беа без менаџерот Јирген Клоп за мечот со Челси во текот на викендот, а сега позитивен е и неговиот помошник Пеп Лајндерс, додека Ливерпул денес го затворија својот тренинг-центар за да се спречи ширењето на вирусот.

„Како резултат од одложувањето, распоредот на мечевите ќе биде обратен – првиот од двата меча ќе се игра на ‘Енфилд’ на 13 јануари, додека вториот меч ќе се игра на ‘Емирати’ на 20 јануари 2022“, објави ЕФЛ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');