Бразилската репрезентација ќе има „нов“ изглед на пријателски меч во јули оваа година, откако првпат од 1950 година ќе се откажат од жолтата и сина боја за да играат во зелени дресови на „Арена Амазонија“ во Манаус против засега непознат противник.
Зелената боја, секако, е присутна на бразилското знаме, и Бразилците објавија дресови во зелена боја во 2014 и 2017, но тие се користеа само на тренинзи и никогаш во официјален меч. Причината за зелената боја е поддршка за кампањата „СОС Амазонија“ за заштита на прашумите.
Бразил, инаку, играше во бели дресови до Светското првенство во 1950 година, кога на „Маракана“ во едно од најголемите изненадувања во историјата на фудбалот беа шокирани од Уругвај, по што се сметаше дека бојата е „проколната“ и се префрлија на жолти дресови. Во 2019 ггодина, тие ги вратија белите дресови како дел од 100-годишнината од првата побеа на Копа Америка.