Top Sport

Првпат по 40 години жени на фудбал во Иран, репрезентацијата врати со 14:0 победа (видео)

Првпат по повеќе од 40 години, Иранките добија шанси да влезат на „Националниот стадион“ во Техеран за да присуствуваат на меч на репрезентацијата, која врати со 14:0 победа над Камбоџа.

На жените им беше забрането да гледаат машки фудбал по Исламската револуција во 1979 година со неколку исклучоци. Сега, под притисок на ФИФА, иранските власти дозволија 3.000 билети за мечот од квалификациите за Светското првенство на стадионот „Азади“ со 78.000 седишта. Жените, сепак, имаа посебен оддел на стадионот, наместо со своите семејства.

Иранската новинска агенција „Фарс“ предупреди дека на стадионот жените можат да бидат под влијание на „лош јазик“, користење на дроги и насилство.

„Сега, откако владата одлучи да ги пушти жените на ’Азади’ се надевам дека гледачите ќе ги почитуваат иранските жени и ќе ја сменат атмосферата на стадионите“, се вели во коментарот на „Фарс“.

ФИФА го „притисна“ Иран откако минатиот месец почина Сахар Ходајари, која се запали во знак на протест откако беше уапсена обидувајќи се да влезе на фудбалски меч на популарниот клуб Естеглал.

Scroll to Top