Top Sport

ПСВ Ајндховен го потпишаа Митроглу

Челниците на фудбалскиот клуб ПСВ Ајндховен не седат со скрстени раце и веднаш најдоа замена за Ирвин Лозано кој се пресели во Наполи. Клубот објави дека нов играч е искусниот Грк Костантинос Митроглу (31).

Напаѓачот во Ајндховен пристигна од Олимпик Марсеј на едно годишна позајмица, откако минатата сезона ја мина во Галатасарај.

Митроглу веднаш ќе добие шанса да игра бидејќи покрај Лозано кој замина од клубот, тренерот Ван Бомел неможе да смета на услугите на повредените Гастон Переиро и Сем Ламерс.

31 годишниот Грк најдобрите години во кариерата ги имал во Олимпијакос (185 натпревари, 82 гола) и Бенфика (88 натпревари, 52 гола).

Scroll to Top