Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, нема намера да го толерира однесувањето на својот сонародник Нејмар кој вчера не се појави во париз на почетокот на подготовките.
Прашање е кога ќе заврши љубовта помеѓу Пари Сен Жермен и Нејмар. Во Париз повеќе немаат намера да ги толерираат испадите на најскапиот играч во светот. Тој исто така сака да го напушти клубот и уште пред две недели порача дека нема да се врати во Париз.
Тој вчера и го направи тоа иако неговиот татко се обиде да ја „спушти топката“ со изјавата дека неговиот син не се појавил на почетокот на подготовките бидејќи имал обврски кон спонзорите, нешто што го знаеле и во клубот.
Не е исклучено дека Нејмар ќе биде продаде, а такво сценарио најави и спортскиот директор.
„Нејмар може да замине од Пари Сен Жермен но само доколку добиеме понуда од која сите ќе бидат задоволни. Позицијата е јасна, тој има договор на уште три години, а ние до сега не сме добиле ниту една конкретна понуда, така што ние немаме што да разгледуваме“, рекол Леонардо.
Инаку Нехјмар најчесто се поврзува со трансфер во својот поранешен клуб Барселона.