Француските медиуми објавија дека контроверзно прекинатиот меч помеѓу Пари Сен-Жермен и Башакшехир ќе се преигра утре во 18.55 часот со почеток во 13-тата минута, и секако, со нов судиски тим, откако токму четвртиот судија од Романија, Себастијан Колцеску го предизвика расистичкиот скандал.
И покрај бројните интензивни преговори со претставниците на турскиот клуб, УЕФА прво најави дека мечот ќе продолжи во 22 часот, но дел од фудбалерите на Башакшехир одбија да излезат на теренот и покрај смената на четвртиот судија.
Според „РМЦ спорт“, Демба Ба, сенегалскиот напаѓач на Башакшехир, дал предлог двата тима да се вратат на теренот држејќи се за раце, но тој бил одбиен од дел од фудбалерите на турскиот клуб.
Како и да е, за УЕФА ова е огромна дамка која нема лесно да се заборави и покрај нивните постојани заложби и кампањи за борба против расизмот.
? C’est officiel : le match Paris Saint-Germain – Istanbul Basaksehir est reporté à demain 18h55. Le match reprendra à la 13e minute. Le match devrait reprendre avec un nouveau staff arbitral.#PSGIBKF #RMCChampions #UCL
— RMC Sport (@RMCsport) December 8, 2020
Проблематичниот судија на ПСЖ-Башакшехир е Романецот Колцеску
Прекин во Париз – четвртиот судија со расистички испад кон Башакшехир?