Top Sport

ПСЖ без Фабијан Руиз до Мундијалот во Катар

Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Фабијан Руиз ќе ги пропушти претстојните натпревари на тимот, пренесувa „Л’Екип“. Шпанецот беше принудно заменет во 21. минута од натпреварот од Лигата на шампионите против Јувентус.

Поради проблемот со мускулот, Руиз нема да може да игра до паузата на Мундијалот во Катар. Тој ќе ги пропушти првенствените натпревари со Лориен и со Оксер.

Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 12 натпревари во дресот на ПСЖ во сите натпреварувања без гол или асистенција.

Scroll to Top