Top Sport

ПСЖ без Килијан Мбапе во битката за Суперкупот на Франција

Пари Сен Жермен ќе биде без Килијан Мбапе на утрешниот дуел од Суперкупот на Франција против Нант. Напаѓачот е суспендиран и затоа не е во составот на ПСЖ за натпреварот.

Тренерот Кристоф Галтие, исто така, ги изостави и новото засилување Хуго Екитике, како и Џорџинио Вајналдум, кој се очекува да го напушти „Паркот на принцовите“. Меѓу повиканите фусбалери се најде најновото засилување, Норди Мукиеле.

ПСЖ и Нант утре ќе се соочат на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив. Парижаните го кренаа трофејот во девет од последните 10 години. Единствен исклучок е во 2021 година, кога честа му припадна на Лил.

Scroll to Top