Top Sport

ПСЖ без право на грешка на „Олд Трафорд“, Севилја и Челси во трка за првото место

Вечерва во Лигата на шампионите ќе биде комплетирано петтото коло. Три натпревари привлекуваат големо внимание, гостувањето на ПСЖ на „Олд Трафорд“, кај Манчестер јунајтед, пресметката на Севилја и Челси и натпреварот во Дортмунд каде гостува Лацио.

Манчестер јунајтед со триумф над ПСЖ ќе ја освои првата позиција во групата и ќе си обезбеди пласман во осмина-финалето. Од друга страна ПСЖ нема право на кикс. Пораз на „светците“, може да значи и нива елиминација од Лигата на шампионите, бидејќи се очекува Лајпциг да слави во Истанбул против Башакшехир.

Севилја и Челси, од минатото коло обезбедија пласман во нокаут-фаза, а вечерва на „Санчез Писхуан“ ќе се борат за првото место во групата. Првиот натпревар во Лондон заврши без голови.

Битка за првото место во групата ќе се води и во Дортмунд. Борусија, со поен повеќе на табелата, ќе го пречека Лацио. Првиот натпревар во Рим заврши со победа на лацио од 3:1.

Група Е:

18.55 Краснодар-Рен
21.00 Севилја-Челси

Табела: Челси 10, Севилја 10, Рен 1, Краснодар 1

Група Ф:

21.00 Борусија Дортмунд-Лацио
21.00 Бриж-Зенит

Табела: Дортмунд 9, Лацио 8, Бриж 4, Зенит 1

Група Г:

21.00 Ференцварош-Барселона
21.00 Јувентус-Динамо Киев

Табела: Барселона 12, Јувентус 9, Динамо Киев 1, Ференцварош 1

Група Х:

18.55 Башакшехир-Лајпциг
21.00 Манчестер јунајтед-ПСЖ

Табела: Ман.јунајтед 9, ПСЖ 6, Лајпциг 6, Башакшехир 3

Scroll to Top