Top Sport

Трајковски: Ќе изненадиме на ЕУРО 2021

Александар Трајковски е беше дел на репрезентацијата на Македонија, која минатиот месец со пласманот на Европското првенство, испиша нови страници во фудбалската историја на нашата држава. Тој смета дека Македонија ќе биде пријатно изненадување на собирот на најдобрите европски репрезентации.

„Не можам да опишам како се чувствувам! Сон на секој фудбалер е еден ден да биде дел од големо натпреварување. Драго ми е што сум дел од генерацијата која успеа прв пат во историјата да се пласира на ЕП. Горд сум што успеавме да го израдуваме нашиот народ. Сметам дека имаме голем квалитет. Исто така верувам дека ќе бидеме пријатно изненадување на ЕП“, рекол Трајковски во интервју за „Хотспорт“.

Трајковски во моментов е играч на Мајорка, а во кариерата бил играч и на Палермо, Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55. Ги издвоил тројцата најдобри фудбалери со кои играл или се уште игра.

„Со Франко Васкез две години ја делев соблекувалната во Палермо, сега е играч на Севилја. Александар Седлар е мојот соиграч од Мајорка, сметам дека е еден од најдобрите дефанзивци во Сегунда и секако Горан Пандев. Тој е жива легенда на македонскиот фудбал и мој соиграч во репрезентацијата“.

Фото/FFM.mk

Scroll to Top