Top Sport

ПСЖ добива француски ривал – најбогатиот Британец ја купува Ница

Сер Џејмс Ретклиф, најбогатиот човек во Велика Британија, доби зелено светло да го комплетира откупувањето на францускиот фудбалски клуб Ница.

Ретклиф, кој е основач и прв човек на хемискиот гигант „Инеос“, ќе плати 100 милиони евра на сопствениците Чиен Ли и Алекс Женг за да стане газда на Лига 1 клубот пред медитеранското дерби со Марсеј на 28 август.

Ница со купувањето од страна на Ретклиф, кој има богатство од 21 милијарди евра, станува најскапиот француски клуб во историјата, откако сумата од 100 милиони евра е повисока од 79-те милиони евра која кралското семејство на Катар го плати за Пари Сен-Жермен во 2011 и 45-те милиони евра кои Френк Меккорт ги плати за Марсеј во септември 2016 година.

Ретклиф вети инвестиција во клубот и пласман во Лигата на шампионите, и сега тренерот Патрик Виера ќе добие пари за најмалку уште пет засилувања пред крајот на преодниот рок на 2 септември. Данецот Каспер Долберг од Ајакс, Адам Унас од Наполи, како и Алексис Клод-Морис од Лориен се првите имиња кои се на списокот на Виера.

Scroll to Top