Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да ја прекине соработката со Бразилецот Нејмар. Раководството на клубот е подготвено и комплетно да го исплати неговиот договор до 2027 година, а тој да го напушти Париз.
Шпанскиот медиум „Ел Паис“ наведува дека таткото на Нејмар и ПСЖ се договориле на фудбалерот да му биде исплатено се што е предвидено во договорот кој автоматски се продолжува до 2027 година. Нејмар треба да заработи 200 милиони евра од ПСЖ, без разлика дали ќе остане до крајот на договорот или не.
Со оваа уплата ПСЖ треба да го убеди Нејмар да си замине, а клубот го ангажирал новиот спортски директор Луис Кампос да ја спроведе целата операција.