Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи е сигурен дека неговиот клуб ќе го добие напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн ова лето, откако Манчестер јунајтед се повлекоа од трката за англискиот капитен поради преисоката цена, тврди францускиот весник „Ле паризиен“.
Кејн има уште една година од договорот со лондонскиот клуб, но Тотенхем ќе бараат најмалку 100 милиони фунти за неговиот трансфер, нешто што ги одби „ѓаволите“. Според францускиот весник, Ал-Хелаифи сака Кејн да биде големата ѕвезда во летниот преоден рок без разлика на тоа што уште не најдоа наследник на тренерот Кристоф Галтие.
ПСЖ го загубија Лионел Меси ова лето, а постојано трае и неизвесноста околу иднината на Килијан Мбапе, така што газдата на ПСЖ сака со пристигнувањето на Кејн да ги придобие навивачите и во исто време да го убеди Мбапе дека неговата иднина треба да остане во Париз.