Top Sport

ПСЖ „гази“ – Икарди со хет-трик, смешен автогол и хаварија за Сент-Етјен (видео)

Пари Сен-Жермен се пласираше во полуфиналето на Францускиот Лига куп, откако со 6:1 го декласираше стариот ривал Сент-Етјен во неверојатен меч на „Паркот на принцовите“, кој донесе хет-трик за Мауро Икарди, еден од најсмешните автоголови во историјата и дури шест гола во мрежата на гостите.

Икарди го отвори резултатот уште во втората минута од мечот, а откако во 31. минута од мечот Фофана доби втор жолт картон, се „отвори“ патот кон голот на Сент-Етјен. Нејмар во 39. минута зголеми на 2:0, по што во 44. минута од мечот по една неверојатна мешаница пред голот на гостите, Џеси Мулин си ја смести топката во сопствената мрежа.

Мауро Икарди во второто полувреме си го комплетираше хет-трикот со голови во 49. и 57. минута, пред во 67. минута да му асистира на Килијан Мбапе за високи 6:0. Икарди има неверојатни 17 гола во 19 меча за ПСЖ откако во текот на летото дојде на позајмица од Интер.

Во 71. минута од мечот дојде утешниот гол за Сент-Етјен, откако Јохан Кабаје во вториот обид од белата точка го совлада Рико.

ФРАНЦУСКИ ЛИГА КУП, 1/4 ФИНАЛЕ

Лион – Брест 3:1

Лил – Амиен 2:0

Пари СенЖермен – Сент-Етјен 6:1

ВЧЕРА

Ремс – Стразбур 1:0

Scroll to Top