Томас Тухел стави крај на шпекулациите околу него и неговата иднина, откако потпишпа продолжување на договорот со Пари Сен-Жермен до 2021 година.
По првата сезона на клупата на богатиот клуб, во која ја освоија титулата од Лига 1, но потфрлија во националниот куп и Лигата на шампиони, во Франција се шпекулираше дека Макс Алегри ќе биде нов тренер на „светците“, но ПСЖ покажаа дека му веруваат на младиот стручњак продолжувајќи му го договорот за една сезона.
„Пресреќен сум што можам да го продолжам договорот и посветеноста кон ПСЖ. Се заблагодарувам на претседателот на целиот клуб. Сега сум уште попосветен да го донесам овој клуб од врвот. Најдоброто од нас е пред нас“, вели Тухел.
Communiqué du club – @TTuchelofficial
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 25, 2019
Тухел е загрижен по шпекулациите за Алегри: Сите знаат нешто што јас не знам