Top Sport

ПСЖ го доби дербито, но го загуби Нејмар! (видео)

 

Пари Сен-Жермен е убедливо најдобриот тим во Франција во моментов, што го докажа со 3:0 победата над Олимпик Марсеј во големото национално дерби и судирот на престолнината со југот, но фановите на „светците“ можат да се загрижени откако главната ѕвезда Нејмар си замина на носилки и со солзи во очите по повредата на скочниот зглоб.

Килијан Мбапе ги „начна“ гостите уште во 10-тата минута, пред во 27. минута Роландо да си постигне автогол за 2:0, а конечните 3:0 ги постави Единсон Кавани во 55. минута по асистенција на Нејмар.

Бразилската мега-ѕвезда се повреди во 77. минута од мечот, по што ПСЖ го комплетираа мечот со играч помалку бидејќи веќе беа направени трите замени. Треба да се види дали повредата е доволно сериозна да го оддалечи Нејмар од реваншот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, каде што ПСЖ ќе треба да надополнува негатива од 1:3.

Тимот од „Паркот на принцовите“ има 71 поени на врвот на табелата по 27 кола (во кои имаат 23 победи), 14 повеќе од шампионот Монако на второто место и 16 повеќе од Марсеј, кои сега се трети.

Scroll to Top