Пари Сен Жермен го објави и вториот трансфер во текот на денешниот ден, по потписот на Милан Шкриниар. Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио му се приклучува на францускиот шампион со договор до 2026 година.
Како и дефанзивецот, така и крилниот напаѓач пристигнува како слободен играч откако одби да го продолжи договорот со Реал Мадрид.
27-годишниот Шпанец за првпат во кариерата ќе игра надвор од границите на својата татковина. Асенсио запиша вкупно 286 натпревари со 61 гол и 32 асистенции за Реал Мадрид, со кој трипати триумфираше во Лигата на шампионите. Има играно и за Мајорка и за Еспањол.
Покрај тоа, офанзивниот фудбалер има 37 натпревари со шпанскиот национален тим, на кои постигна два гола и забележа 13 асистенции.
🔴 #WelcomeAsensio 🔵 pic.twitter.com/k5o4Xe6mxJ
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 6, 2023