Top Sport

ПСЖ и Ал-Наср одиграа без голови во Осака

Францускиот првак Пари Сен Жермен ја стартуваше турнејата во Јапонија против Ал-Наср, тимот на Кристијано Роналдо. На пријателскиот меч во Осака немаше голови.

Очигледно дека тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ќе мора да најде друго решение за нападот откако раководството на клубот одлучи да го остави Килијан Мбапе во Париз, поради непотпишување на нов договор.

За Ал-Наср настапија Кристијано Роналдо, новото засилување Марсео Брозовиќ, Талиска, и добро му парираа на европскиот гигант ПСЖ.

Scroll to Top