Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, рекол дека клубот внимателно следи како се развива ситуацијата околу заминувањето на Лионел Меси од Барселона. Меси, во летниот преоден рок, сакаше да ја напушти Барселона, на крајот остана на „Ноу Камп“ откаде ќе може да замине како слободен играч по завршувањето на сезоната.
Од моментот кога Меси побара трансфер траат шпекулациите каде би можел да ја продолжи кариерата. Аргентинецот најчесто се поврзува со Манчестер сити и ПСЖ. Овие два клуба се единствените што можат да ги исполнат неговите финансиски барања.
„Играчи каков што е Меси секогаш се на листата на желби на ПСЖ. Сега не е време да зборуваме на оваа тема, но ние седиме на масата на која се следи тој случај. Вистината е дека се уште не сме седнале на масата, но имаме резервирано место. У во фудбалот четири месеци се вистинска вечност“, рекол Леонардо.