Top Sport

ПСЖ ќе им обезбеди на вработените бесплатен превоз и билети за финалето на ЛШ

Претседателот на шампионите на Европа повторно одлучи да ги награди сите вработени во ПСЖ.

Париз Сен Жермен ќе им обезбеди на сите свои вработени бесплатно патување и билети за финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта. Ова не е ништо ново или сензационално, со оглед на тоа што клубот од Париз веќе го стори тоа претходната година, кога околу 500 луѓе вработени во клубот патуваа на финалето во Минхен, а тие беа вклучени и во заедничкиот фонд за бонуси на фудбалерите.

Одлуката беше објавена во порака испратена до персоналот од претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.

„Ова историско достигнување е признание за напорната работа, високите стандарди и посветеноста на сите што секојдневно придонесуваат за континуираниот раст на Пари Сен Жермен“, рече претседателот на клубот, кој исто така додаде:

„Иако овој пласман е голем извор на гордост за нашиот клуб, сè уште има еден последен чекор пред нас што мора да го направиме заедно во Будимпешта. Ќе биде потребна целосна фокусираност, непоколеблива решителност и апсолутно единство на сите.“

Ал-Келаифи додаде дека големите европски успеси секогаш се градат колективно.

„Во Будимпешта, нашиот тим ќе претставува многу повеќе од нашите бои, тие ќе ја носат со себе енергијата, посветеноста и страста на целото семејство на ПСЖ. Секој дел, секоја улога, секој член на персоналот придонесува за овој колективен моментум и амбиција што го движи нашиот клуб секој ден.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');