Top Sport

ПСЖ ќе доведе тренер и напаѓач од Португалија?

Новиот француски првак Пари Сен Жермен многу веројатно ќе се раздели со тренерот Маурисио Покетино по завршувањето на сезоната. Раководството ќе мора да плати отштета од 15 милиони евра, но и тоа не е најголемиот проблем за ПСЖ, туку фактот дека Зинедин Зидан не сака да седне на клупата на „светците“.

Во една ваква ситуација, клубот има нова идеја, тоа е Серџо Консеисао. Португалецот освои нова титула со Порто, а лани одиграа одлично во Лигата на шампионите, успеа да издигне нов тим и сигурно би го прифатил предизвикот.

Консеисио никогаш не играл во Франција, но го зборува јазикот бидејќи помина три години во Лиеж во франкофонска Белгија, па јасно е дека тоа е предност.

Спортскиот директор Леонардо има идеја да го доведе и тренерот и најголемото засилување од Португалија. Во преден план сега е одличниот Уругваец Дарвин Нуњез од Бенфика кој сезонава постигна 34 гола. Поранешниот играч на Алмерија има откупна клаузула од 150 милиони, но се верува дека би можел да ја напушти Бенфика за трицифрена сума. Во Париз сметаат дека тоа е подобро решение од Виктор Осимен од Наполи, за кого Де Лаурентис бара 100 милиони евра.

Според француските медиуми, во тимот остануваат Меси и Нејмар, клубот сака да го продаде Паредес, а да се ослободи од Икарди, Ди Марија и од Вајналдум.

Scroll to Top