Top Sport

Новак Ѓоковиќ на прагот на илјада победи во кариерата

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е на прагот на големо остварување. Тој вечерва ќе игра против Норвежанецот Каспер Руд за пласман во финалето на турнирот во Рим, но и да влезе меѓу петмината величенствени, на кои им успеало да стигнат до неверојатната бројка од 1.000 победи во кариерата.

Најмногу победи во ерата на тенисот има Џими Конорс (1.274), а зад него е Роџер Федерер со 1.251. На третата позиција е Иван Лендл со 1.068 триумфи, додека четвртата позиција е резервирана за Рафаел Надал со 1.051 победа. Новак Ѓоковиќ е на чекор да се придружи како петти тенисер во историјата со илјада победи.

Scroll to Top