Top Sport

ПСЖ ќе има рекордна загуба од 370 милиони евра за сезоната 2021/22!

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ тврди дека Пари Сен-Жермен ќе пријави загуба од апсолутно фантастични 370 милиони евра за минатата сезона (2021/22), предизвикани од пристигнувањето на Серхио Рамос и Лионел Меси, како и од новиот максимален договор кој го доби Килијан Мбапе, информација која повторно ќе го стави францускиот гигант под лупа на критичарите кои сметаат дека клубот ги прекршува сите правила за финансиски ферплеј и во исто време го „купува“ својот успех за висока цен.

23-годишниот Мбапе потпиша нов тригодишен договор со ПСЖ, откако клубот успеа да го убеди да не прави трансфер во Реал Мадрид, нешто што ќе го чини ПСЖ ако се верува на француските медиуми 520 милиони евра во следниот период. Покрај, ова на „Паркот на принцовите“ минатата сезона пристигнаа и Меси, Рамос, Џанлуиџи Донарума, Жоржињо Вајналдум, Ашраф Хакими и Нуно Мендеш, сите со огромни плати, а клубот не успеа да продаде дел од фудбалерите кои се сметаа како „вишок“.

„Л’Екип“ исто така додава дека клубот имал и рекордни приходи од 650 милиони евра, но и дека платиле казна од 10 милиони евра на УЕФА поради тоа што биле во загуба. Инаку, и во текот на летото ПСЖ беше активен на пазарот на играчи, носејќи ги Ренато Санчз, Карлос Солер, Фабијан Руиз, Витиња и Норди Мукиеле, но нивните трансфери не се вклучени во годишниот извештај.

Scroll to Top