Top Sport

ПСЖ ќе мора да собере 60 милиони евра и ќе помине без казна од УЕФА

УЕФА нема да ги казни Пари Сен-Жермен за прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП), доколку францускиот шампион успее да собере 60 милиони евра приход до крајот на јуни.

Според УЕФА, финансиската инспекција одлучила дека ПСЖ неправилно ја пријавиле пазарната вредност на „неколку“ спонзорства на клубот, вклучувајќ ги договорите од Катар поврзани со сопствениците на клубот.

Иако европската куќа на фудбалот е задоволна од договорите со кои на „Паркот на принцовите“ дојдоа Нејмар и Килијан Мбапе минатата година, трансферите вредни стотина милиони евра треба да се „израмнат“ на крајот на финансиската година на 30 јуни.

ПСЖ минатото лето плати 222 милиони евра да го откупи договорот на Нејмар од Барселона, а го доби Мбапе на едногодишна позајмица, пред ова лето  да ја плати сумата од 180 милиони евра. Ова се двајцата најскапи фудбалери на светот.

Scroll to Top