Top Sport

Минимален пораз во Романија, Македонија пак на Светско!

Македонија загуби од Романија со 26:25 на гостувањето во Клуж, но се пласираше на Светското првенство во 2019 година во Данска и Германија благодарение на огромната предност од 8 гола во првиот меч во Скопје.

Романците имаа водство во поголемиот дел од мечот, и од три гола, но момците на Раул Гонзалес постојано успеваа да се вратат во игра за на крајот да доживеат минимален пораз, со кој го „визираа“ патот на следниот ракометен Мундијал.

Дејан Манасков беше најрасположен во нападот со седум гола, додека Кирил Лазаров додаде шест гола, додека кај домаќините Григораш имаше девет гола.

За Македонија ова е шести пласман на Светското првенство и се задржува традицијата на учество на големите натпреварувања.

Scroll to Top