Top Sport

ПСЖ лути на судијата – им кажал да одат да се „е.ат“!

Фудбалерите на Пари Сен-Жермен по елиминацијата од Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампионите, дел од вината ја најдоа во холандскиот судија Бјорн Кујперс, тврдејќи дека тој ги пцуел во текот на мечот.

Кујперс по прегледувањето на ВАР снимката на почетокот на мечот ја поништи одлуката за пенал од Олександер Зинченко, му поништи гол на Нејмар поради играње со рака, а потоа во второто полувреме му даде заслужен црвен картон на Анхел ди Марија за „стапнувањето“ на Фернандињо.

Италијанскиот фудбалер од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати вели дека односите со судијата биле „невозможни“.

„Судијата и мене ми кажа да одам да се е.ам, и тоа двапати. За нив тоа е нормално, а ако им го кажеш истото, тогаш добиваш 10 меча суспензија. Честопати зборувам со судијата, но не велам такви зборови“, изјави Верати по мечот.

И Андер Ерера, кој имаше нервозен натпревар, не беше задоволен.

„Го слушнав судијата како му вели на Паредес да ‘одј.бе“, открива Ерера.

Scroll to Top