Фудбалерот на ПСЖ Андер Ерера тврди дека Килијан Мбапе и Нејмар нема да го напуштат клубот. Мбапе се поврзува со Реал Мадрид и Ливерпул, а Нејмар со Барселона.
„Тие се важни играчи за овој клуб. Колку што знам двајцата се задоволни овде. Вистина е дека постојат многу информации околу тоа каде би можеле да одат тие, но никој на тоа не обрнува внимание“, рекол Ерера.
„Разговарав со Килијан. ПСЖ не е клуб што би ги продавал своите ѕвезди, ПСЖ е клуб кој купuва ѕвезди. Клубот е доволно економски силен за да ги задржи двајцата“.