ПСЖ, веројатно ќе остане без Килијан Мбапе (24). Најдобриот француски играч го известил клубот дека нема да ја искористи опцијата и да го продолжи договорот до 2025 година.
Поради оваа одлука, ПСЖ му постави ултиматум – или ќе го продолжи договорот или ќе биде продаден ова лето. Многу е сигурно дека Мбапе и ПСЖ нема да се договорат, што значи дека Реал Мадрид има шанси да го донесе напаѓачот.
Шпанските и француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ ќе го продаде Мбапе, но не во Реал. „Ел Ларгуеро“, наведува дека ниту тоа нема да го спречи претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој ќе вложи максимални напори да го доведе Французинот. Мбапе, додава истиот извор, му се извинил на Перез за се што се случи минатото лето.
Имено, тогаш Реал беше блиску до потпис на Мбапе, но Французинот се предомисли и во последен момент го продолжи договорот со ПСЖ. Ова предизвика многу гнев кај Перез, но и бес кај навивачите на Реал.
Сега Реал има нова шанса, но работата ќе зависи од ПСЖ ова лето. Францускиот шампион не сака да преговара со Реал, клубот од соништата на Мбапе.