Најдобриот фудбалер во Серија А за минатата сезона, Рафаел Леао, продолжува со ефикасни игри. 23-годишниот Португалец досега одигра 11 натпревари за Милан, постигна четири гола и забележа седум асистенции.
Францускиот првак Пари Сен Жермен подготвува нова огромна понуда за да го доведе Леао на „Паркот на принцовите“.
Тој има договор со Милан до 2024 година, а ПСЖ е подготвен да плати дури 150 милиони евра за него на крајот од оваа сезона.
Покрај Лео, ПСЖ се уште го сака и Шкриниар од Интер, но овојпат не нуди 60 милиони евра, туку три пати помалку. Причината за намалената понуда е што Словакот за осум месеци станува слободен играч.