Зинедин Зидан откако си замина од Реал, го одбива понудите од заинтересираните клубови. Според француските медиуми тој го чека завршувањето на Мундијалот во Катар за да ја преземе француската репрезентација од Дидие Дешан.
Досега Зидан ги одби Манчестер јунајтед, Њукасл и репрезентацијата на Катар. Наводно желбата на Зидан е да се врати во Франција.
ПСЖ наводно подготвувале понуда за Зидан. Ал-Келаифи и Леонардо сметале дека актуелниот тренер Маурицио Покетино, не може да се избори со егата на големите ѕвезди што ги има во тимот.
Претседателот и спортскиот директор, исто така веруваат дека евентуалниот ангажман на Зидан, може да го натера Килијан Мбапе да го продолжи договорот и да остане во Париз.
Засега позицијата на Покетино е стабилна, но се претпоставува дека првиот голем кикс, може да значи и крај на соработката со ПСЖ.