ПСЖ е подготвен да ги искористи сите правни средства за да се избори со дрскоста на Килијан Мбапе и Реал Мадрид.
Сагата со Килијан Мбапе најверојатно продолжи на суд. ПСЖ планира да ги тужи фудбалерот и Реал Мадрид, бидејќи се сомневаат дека „кралскиот клуб“ цело ова време им работи зад грб.
ПСЖ сака да го тужи Реал, бидејќи повеќе медиуми објавија дека Мбале веќе има преддоговор со „кралскиот клуб“, но од следното лето, кога тој ќе стане слободен играч.
На овој начин, Мбапе ќе му заштеди на Реал најмалку 250.000.000 евра, што значи дека тој ќе може да преговара за поголем бонус за потпис на договорот и за поголема плата.
ФИФА дозволува потпишување на преддоговор само кога фудбалерот ќе влезе во последните шест месеци од договорот. Медиумите во Франција тврдат дека ПСЖ проверува дали има правна основа да го тужи Мбапе и на тој начин да ја спречи „кражбата“ која ја планираат во Реал Мадрид.
Инаку, Мбапе е на „тенок мраз“ во Париз, откако одби да го продолжи договорот. Тој не е со клубот на турнејата во Азија.