Top Sport

Среќен 46. роденден на Роберто Карлос, најголемиот мајстор за слободни (видео)

Денеска својот 46. роденден го прославува легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос, човекот кој ги надминуваше законите на физиката со своите неверојатни слободни удари.

Негов најславен гол, секако, останува тој против Франција во пријателски меч во 1997 година, но како што можете да видите подолу, Карлос имаше и други неверојатни голови во дресот на Реал Мадрид, кој тогаш ја имаше една од најдобрите генерации во историјата на фудбалот.

„Честопати тренирав слободни удари. Ќе останев по тренинзите и ќе удирав. Тогаш против Франција имав малку среќа. Само ја удрив топката и таа влезе во голот“, тврди Бразилецот.

Scroll to Top