По долгото демантирање дека Нејмар ќе оди на операција и дека може да игра против Реал Мадрид следната недела, Пари Сен-Жермен во средата навечер конечно призна дека Бразилецот ќе оди под нож оваа недела за скршеното стапало, по што на „Паркот на принцовите“ вторпат за неколку дена го „смачкаа“ големиот ривал, Марсеј, овојпат во купот со 3:0.
Нејмар се повреди при крајот на првата 3:0 победа над ПСЖ на 25 февруари, а тестовите покажаа дека покрај повредата на скочниот зглоб, тој ја скршил и метатарзалната коска на ногата. Неговиот татко претходно најави дека тој ќе оди на операција и дека со тоа се согласуваат и во бразилската репрезентација – тој ќе биде во Бразил за процедурата. ПСЖ потврди дека и тие имале влијание во одлуката.
Medical update on @neymarjr
? https://t.co/hFJQ4vanZt pic.twitter.com/xP0VykTPB7
— PSG English (@PSG_English) February 28, 2018
По „разјаснувањето“ на оваа тема, ПСЖ истрча на својот терен за четврт-финалето од Купот на Франција против Марсеј и не им беше потребен Нејмар за да стигнат до убедлива победа. Анхел ди Марија им донесе водство во финишот на првото полувреме, за да стрела повторно и во 48. минута, пред Единсон Кавани во 81. минута да ја запечати победата на својот клуб.
Нејмар сениор: ПСЖ знае дека Нејмар ќе паузира шест до осум недели