Францускиот гигант Пари Сен Жермен размислува да се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Холандскиот интернационалец е на продажба на „Камп Ноу“ пред се поради финансиската состојба во клубот и желбата на Барселона да се засили со некои други играчи.
Де Јонг во последните седмици се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, каде нов кормилар е поранешниот тренер на играчот, Ерик тен Хаг од Ајакс. Сепак, парижаните размислуваат и за посериозни промени во својот состав ова лето и Де Јонг се смета за одлична можност за засилување на средниот ред.
Голем плус за ПСЖ е и учеството во Лигата на шампионите, бидејќи „црвените ѓаволи“ следната година ќе мораат да се задоволат само со Лигата на Европа.