Top Sport

ПСЖ сака да го купи и Фабијан Руиз

Францускиот првак Пари Сен Жермен моќно стартуваше во домашниот шампионат со триумф од 0:5 на гости против Клермон, но тренерот Кристоф Галтие ги подготвува тимот за напад на трофејот во Лигата на шампионите. Тој смета дека му недостига уште една алка во мозаикот, фудбалер од средниот ред како Фабиан Руиз. Токму затоа побара од раководството на клубот да се обиде да го доведе одличниот шпански интернационалец кој е член на Наполи.

ПСЖ е подготвен да плати 25 милиони евра за Руиз, со оглед дека тој влегува во последната година од договорот со „наполитанците“.

За Фабијан Руиз се заинтересирани и Барселона и Реал Мадрид, но тие би сакале да го доведат следното лето како слободен агент.

Scroll to Top