Top Sport

ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар

Раководството на Пари Сен Жермен бара начин да се ослободи од Бразилецот Нејмар. Проценката која доаѓа од централата во Катар е дека Нејмар заработува премногу пари, а не го дава потребниот ефект на теренот.

Откако и оваа сезона не успеа да ја оствари целта и да ја освои Лигата на шампионите, ПСЖ на лето ќе направи комплетна реконструкција. Се очекува да си замине тренерот Маурисио Покетино и најмалку десетина фудбалери.

„Светците“ патот во ЛШ го завршија веќе во осмина-финалето откако доживеаја елиминација од Реал Мадрид. По триумфот од 1:0 во Париз, фудбалерите на ПСЖ загубија со 3:1 на „Сантијаго Бернабеу“. Сите три гола за Реал ги постигна Карим Бензема.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');