Top Sport

ПСЖ сака Меси да остане во Париз и следната сезона, ама за помала плата

Францускиот првак Пари Сен Жермен се обидува да го убеди Лионел Меси да потпише продолжување на соработката најмалку за уште една сезона, но челниците го замолиле да се согласи на намалување на високата плата. Аргентинецот оваа сезона заработува 41 милион евра, плус дополнителни бонуси.

Според „Паризиен“, ПСЖ не може да исплати таква сума и следната сезона, поради проблемите со финансискиот фер-плеј. Минатата сезона клубот имаше негатива од 350 милиони евра поради пандемијата на коронавирусот, па ќе мора голем дел од трошоците да бидат намалени за следната година.

Сепак, ќе биде голем проблем платата што ја доби Килијан Мбапе. ПСЖ одвои вистинско богатство ова лето да го убеди да не оди во Реал Мадрид. Се споменуваат неверојатни суми како награда за неговиот потпис за нова соработка.

Scroll to Top